ПОМОШ

 Помош ( Општа поддршка при употреба на МЕТЕОАЛАРМ ИНТЕРНЕТ страницата)

  1. Европско ниво
  2. Национално ниво
  3. Информации за националните региони
  4. Извор на информација
  5. Proxy сервери

1. Европско ниво „Почетна интернет страница“ (прв слој)

Овде може да се добие геогртафската карта на Европа. Оваа карта во боја ќе Ви овозможи првичен и многу брз увид во актуелната и/или очекуваната состојба на предострожност ширум Европа. Доделувањето на боите ќе биде кохерентно и конзистентно колку што е можно, без обзир на националните граници внатре во Европскиот МЕТЕОАЛАРМ домен. Одредувањето на бојата е поврзано со влијанието и очекуваната штета.

Информации (статички) на интернет страницата на Вашиот јазик.

Ако сакате да изберете друг јазик, можете да го одберете со клик со глушецот на „смени јазик“ на изборната алатка (toolbar)  горе десно.

1.2 Значење на боите

Точното објаснување на боите за приправност може да се најде со кликање врз легендата на боите (доле лево) на таа страница.

Краток преглед на објаснувањата на боите:

Бела:
Недостасуваат податоци, недоволни, сомнителни податоци или податоци со изминат рок.

Зелена:
Не е потребна посебна приправност за времето.

Жолта:
Времето може да биде опасно (потенцијално). Временските феномени кои се прогнозирани не се невообичаени, но потребна е внимателност ако има потреба да се спроведуваат активности кои се изложени на метеоролошки ризик. Треба да се продолжи со информирање за очекуваните метеоролошки услови и се советува да не се превзема непотребен ризик.

Портокалова:
Времето е опасно. Прогнозирани се временски феномени за лошо време. Голема е веројатноста дека ќе се случат штети и човечки жртви. Бидете многу внимателни и будни и бидете редовно  информирани за деталите на очекуваните метеоролошки услови. Треба да бидете свесни за ризикот кој би можел да се избегне. Почитувајте ги советите кои ги даваат Властите.

Црвена:
Времето е многу опасно. Прогнозирани се особено интензивни метеоролошки феномени. Можни се големи штети и несреќи, во многу случаи со опасност по живот и повреди на поголемо подрачје. Треба  често да се информирате за деталите на очекуваните метеоролошки услови и ризици. Се препорачува извршување наредби и совети од властите, а во секој случај треба да бидете спремни за вонредни мерки.

1.3  Значење на симболите (параметри на времето)

Јасно разбирливи симболи ги дефинираат временските параметри кои може да предизвикаат опасност. Овие симболи/параметри се објаснети на долниот дел на почетната страница. На десната страна на почетната страница се наоѓа табела на сите земји учеснички, нивната актуелна состојба на приправност и со неа поврзаните временски параметри (симбол + боја). Ако не е дефиниран временскиот параметар за предупредување, прикажан е квадрат со дијагонала.
 
1.4  Филтрирање на симболите

Ако сакате да се информирате само за приправноста за одреден параметар, можете тоа да го сторите со селектирање на „типот на приправност“ на лизгачката лента (scrollbar). Мора да бидете секогаш свесни дека некои параметри, како што се на пример: лавини, шумски пожари, екстремни температури и крајбрежни случувања, не се подготвуваат од сите земји учеснички.

1.5  Денес или утре и системско време на информацијата

Метеоаларм системот нуди можност да изберете информација за денешната или утрешната приправност ширум Европа. Тој избор може да се избере со измена на „display“ лизгачката лента (scrollbar) на долниот дел на почетната страница. Денес и утре се поврзани со Средноевропско (Central European Time) време (CET = UTC+1), а за време на Европскиот период на штедење во видливиот дел од денот со Средноевропско (Central European Summer Time) летно сметање на времето (CEST = UTC+2).

 1.6  Колку е стара информацијата

Временската икона се наоѓа во горниот лев агол на картата на Европа, а го означува последното време на обновување, датум и време, (CET или CEST) на Метеоаларм системската информација.

1.7 Како да ја разрешите информацијата со поминат рок

Ако Метеоалрм информацијата не е обновена на Вашиот компјутер, може де се обидете да ја освежите со избор на копчето F5. Ако тоа не помогне, треба да ја проверите интернет врската (дали е сеуште активна?) или имате локален cache проблем (тогаш треба да се обидете да ја испразните  cache меморијата).

2. Национално ниво (Второ ниво)

 Ако највисокиот степен на боја е доделен внатре во еден регион на одредена земја, со таа боја ќе се обои таа земја на прегледната карта на Европа. На картата на ниво на земјата може да се најдат специфични детали за состојбата со приправност во секоја земја учесник.

На ниво на земја може да се дојде кога со глувчето ќе се одбере одредена земја на картата на Европа, или со кликање со глувчето на знамето (ознаката) во прегледната табела на десната страна на почетната страница.

2.1 Информации за земјата

Картата на земјата ќе ги прикажува регионите на земјата и нивото на приправност прогласено за тие региони.

Поаѓајќи од портокаловото ниво на приправност, а за некои земји веќе од жолтото ниво, симболот (кој означува кој параметар на времето е на сцена) е поставен внатре во регионот. Ако се доделени повеќе од еден симбол (максимумот е три), за еден регион, тоа ке се примети со движење на глувчето преку географскиот домен (регион). Функцијата на движењето на глувчето ќе го покаже името на регионот заедно со симболот (или со повеќе симболи) кои се доделени во горниот лев агол на географската карта. Исто така, на тоа ниво на земја ќе се појави прегледна табела која ги покажува сите региони на земјите, прогласените нивоа на приправност заедно со соодветните симболи (параметри).

 Во легендата во долниот дел на веб-страницата може да се најдат сите симболи (параметри на времето) за кои таа земја прогласила ниво (степен) на приправност.

 Може да се изберат денешни или утрешни информации за приправноста избирајќи ги преку „display“ лизгачката лента (scrollbar).

 Со кликање на логото на НМС (изворот на оригиналната национална информација за приправност) се ставате на web страницата на таа НМС, почетната или онаа на која се наоѓа предупредувањето.

3. Регионални информации за поедини земји (Трето ниво)

Со кликање со глувчето врз одреден регион на земјата се преминува на регионално ниво на таа земја со дури и повеќе детали за одредена информација за приправноста која е прогласена за тој регион.

3.1 Информација за временската скала и интензитетот на позадинската слика

Поаѓајќи од нивото на приправност Портокалово, а за повеќето земји веќе од Жолто, за секој регион ќе се пронајдат дополнителни информации за приправноста. Временската скала покажува период во кој се очекува да се појави случувањето, а некои земји може да дадат информации за интензитетот на тоа регионално ниво, како што се брзината на ветерот, количество на снег или дожд, густина на магла. Параметарот и бојата на приправност се повторно видливи, но сега претставени заедно со позадинската слика која ќе дава пожива најава за времето и очекуваното влијание, а со тоа Ве приморува за претпазливост кон опасноста.

3.2 Повеќе од еден параметар по регион

Ако одреден регион има повеќе од еден параметар на приправност, сите информации ќе бидат одвоени за секој доделен параметар.

3.3 Детални предупредувања на НМС интернет страницата

Во долниот десен агол се наоѓа лого на НМС. Со клик врз логото се поврзувате со web страницата на Националната Метеоролошка Служба, на почетната страница или на онаа со предупредувањата, каде може да најдете: текст за предупредувањето, објаснувања за стратегијата на доделување соодветна боја и сите дополнителни набљудувања кои се поврзани со очекуваното опасно или екстремно време.

4. Извор на информација (потекло) и интелектуална сопственост на информацијата
  • Националните Метеоролошки Служби (НМС) на сите земји учеснички се одговорни за доставување на своите информации за приправност, кои се собираат и прикажуваат во Метеоаларм системот. Нивоата на приправност означени во Метеоалармот заедно со симболите поврзани со нив и останатите детални информации се издадени од тие служби.
  • Сите динамички Метеоаларм информации, кои потекнуваат од Националните Метеоролошки Служби заедно со сите дополнителни информации и особини на националните web сервери поврзани преку Метеоалармот, ќе останат под полна одговорност и во интелектуална сопственост на изворниот  НМС.
  • Метеоалрм системот сам по себе осигурува рамка за прикажување на сите тие собрани Европски информации за приправноста. Оваа колективна база на податоци и графички систем со сите особености како што се софтверот и хардверот се сопственост на Еуметнет =Мрежа на Европски Метеоролошки Служби.
  • Австриската Национална Метеоролошка Служба (ZAMG = Zentral Anstalt für Meteorologie und Geodynamik) е избрана од страна на ЕУМЕТНЕТ и е одговорна за давање поддршка и одржување на оперативниот Метеоаларм систем и неговиот сервер.
  • Се претпоставува дека корисниците на web страницата ќе ги прочитаат и ќе се согласат со термините и условите кои одат заедно со користењето на Метеоаларм web страницата. Врската кон Одредбите и Условите се наоѓа на горниот дел на почетната Метеоаларм страница. 

5. Proxy Сервери

  • Било кој  Proxy механизам (клиент прелистувач -browser, наменска и транспарентна компанија /ISP proxy-и, firewall-и и gateway-и пристапувачи со proxy функционалност) може да влијаат на актуелноста на прикажаната содржина на www.meteoalarm.eu
  • Самиот Метеоаларм  става во кеш меморијата слики за максимум 10 минути, картите се создаваат на секои 20 минути (види ги временските икони на картите). Контактирајте го својот систем администратор ако е прикажаното време застарено.

Смени јазик:  | BG | BS | CZ | DA | DE | EE | EN | ES | ES | ES | FI | FR | GR | HE | HR | HU | IS | IT | LT | LV | ME | MK | MT | NL | NO | PL | PT | RO | RS | SE | SK | SL | VA