НОВИНИ

Предупредувања за опасно време за Европа на
Meteoalarm.eu

 Метеоаларм е официјална интернет страница создадена за предупредување на јавноста од опасни временски неприлики во Европа. Повеќе од 30 Европски земји се здружија за да развијат www.meteoalarm.eu  како заедничка иницијатива на Еуметнет – мрежа на Националните Европски Метеоролошки Служби во рамките на Светската Метеоролошка Организација.

Што нуди www.meteoalarm.eu

Општо разбирлив систем кој користи кодирани карти со симболи и бои со кои дава најсвежи предупредувања за очекуваното опасно невреме за следните 48 часа во голем дел од Европа. Каде и да се наоѓате во Европа, јасна и концизна информација ќе Ви помогне да го планирате Вашето патување, или некоја друга активност која може да биде попречена од лошото време. На пример, каде се очекуваат поплави од обилните поројни дождови; каква е опасноста од лавини; може ли да касни авионот заради маглата; дали сувото и топло време би предизвикало отворени шумски пожари? Секоја земја на картата е кодирана со бои кои претставуваат четири нивоа на предупредување: црвената означува најголема опасност од опасни временски неприлики, следуваат портокалова, жолта, а зелената означува дека не се ошекува опасно време.. Интернет страницата исто така има и црно-бела карта за лица со поречено распознавање на боите.

 Нивоата на предупредување се дадени како единствен систем со јасен однос помеѓу метеоролошките појави, можните штети и препорачаното однесување, за да се избегнат штетите. Границите на нивоата се разликуваат од регион до регион, затоа што на пример снежните врнежи во пределите на Алпите предизвикуваат помали пореметувања и штети отколку во Лисабон. Метеоалармот е портал ориентиран кон националните системи за предупредување: со кликање врз логото на одредена метеоролошка служба се ставате на интернет страницата на таа метеоролошка служба каде се достапни регионалнитеинформации.

Кој ќе има корист од www.meteoalarm.eu
Услугата е наменета за подрачјето на Европа, но може да му послужи на секој во светот и достапна е на над 30 јазици. Освен патниците кои патуваат службено или на одмор, корист ќе имаат и организации како што се службите за спасување на море и на планини. www.meteoalarm.eu може да се користи за поефикасно планирање, активностите се планираат во зависност од влијанието на опасното време врз нив, а службите за дејствување ќе ја имаат најсвежата информација. ТВ временските известувачи во Европа ќе може да ја користа обоената карта за да го нагласат екстремното време.

Зошто www.meteoalarm.eu
Нашата клима се менува, па екстремните временски неприлики може се почесто да се случуваат, со зголемување на опасност по животи и штети врз имотите. Одвреме навреме олуите, поплавите или лавините наместа во Европа доведуваат до катастрофи, а топлотните бранови последните години доведоа до губење повеќе илјади животи. Meteoalarm.eu дава единствен извор на сите временски прилики насекаде во Европа.

 НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот Метеоаларм прикажува временски предупредувања за 650 региони во Европа

Во Мај 2010 www.meteoalarm.eu официјална интернет веб-страница за временски предупредувања издадени од Националните Европски метеоролошки служби ја прикажуваат новата карта на региони во Европа на почетната страница (хомепаге). На прв поглед оваа регионална Европска карта ја прикажува состојбата на сите временски предупредувања со најсвежи податоци во околу 650 области во 30 земји. Предупредувањата за 10 параметри на времето се издадени од Националните Метеоролошки служби подредени за временски период од 24 до 48 часа. Овие предупредувања исто така може да бидат преку RSS механизмот и притоа лесно да бидат интегрирани во другите канали на медиумите. Естонија се придружи во Метеоалармот непосредно пред тоа, како 30-та земја членка.

Откако Метеоаларм стана целосно оперативен веб-страницата предизвика огромен интерес во јавноста. Повеќе од 1 милијарда влегувања (хитс) се забележани од неговото воведување во 2007 година. Метеоаларм е заедничка иницијатива на ЕУМЕТНЕТ, мрежата на Европските национални метеоролошки служби во рамките на Светската Метеоролошка Организација.

„Естонската метеоролошка служба (ЕМХИ) непрекинато го следеше Meteoalarm.eu од нејзиниот почеток. Сега после тест периодот ЕМХИ е среќна што се придружи кон новиот и подетален Метеоаларм. Важно е што нашите предупредувања ќе бидат исто така онлајн за целата Европска заедница. Очекуваме подобра соработка со јавноста, медиумите и Центрите за управување со кризи за прашања поврзани со предупредувања за времето во Естонија“, рече Г-н. Јан Сар, Генерален директор на ЕМХИ.

Интернет веб-страницата нуди универзален разбирлив систем користејќи симболи и обоени-кодирани карти со последните предупредувања за очекуваната временска опасност над најголемиот дел од Европа за следните 24 до 48 часа. Кога и да сте во Европа, јасна, концизна информација ќе Ви помогне да го испланирате вашето патување, или некоја активност осетлива на лоша временска состојба. Каде, на пример, би можело опасна олуја и пороен дожд да предизвика поплава; колкав е ризикот од лавина; може ли маглата да предизвика закаснување на летовите; и дали топлото, суво време ќе предизвика зголемување на ризикот од шумски пожари? Секој регион во разни земји е обележан со боја на картата за да прикажува четири нивоа на предупредување: црвената укажува на вонредно висок ризик од опасни временски услови, за да пониските портокалова и жолта до зелена, укажувајќи дека не се очекува лошо време. Страницата исто така содржи и црно-бела карта за лица со попречено распознавање на боите.


Метеоалармот е исто така портал за националните предупредувачки (алармни) системи: кликнете на логото на секоја национална метеоролошка служба за да се приклучите на нивните веб-страници за дополнителни регионални информации.

Еуметнет развива блиска соработка со хидро стручни лица за понатамошно развивање на рана најава и предупредување за поплави и поројни врнежи. На крајот на Јуни метеоролозите на Метеоаларм ќе се сретнат со хидро стручњаците од цела Европа на конференција во Lelystad  за хидрометеорологија во Национален Центар за управување со водите во Rijkswaterstaat,  дел од Холандското Министерство за транспорт, Јавни работи и Управување со водите.

Учествуваат следните земји:

Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Луксембург, Македонија, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Холандија, Обединето Кралство Британија.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Проспект Метеоаларм (pdf): Folder Meteoalarm

Брошура  Метеоаларм (pdf): Brochure Meteoalarm

Дополнителни информации се достапни кај одговорните за проектот на meteoalarm@zamg.ac.at

 

Смени јазик:  | BG | BS | CZ | DA | DE | EE | EN | ES | ES | ES | FI | FR | GR | HE | HR | HU | IS | IT | LT | LV | ME | MK | MT | NL | NO | PL | PT | RO | RS | SE | SK | SL | VA